ЧПП

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Question Како да нарачам?
Answer

Избор на производи                                 

Со избор на Продавница од главното мени, се наоѓате на страна каде може да ги разгледувате на производите  и да ги филтирате според категорија бренд или според цена на производи.  Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд и цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. 

Со притискање на полето "ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи  потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Начин на плаќање

Во моментов достапно е само плаќање при достава.  За нарачката се плаќа на курирот исклучиво во готовина.

*Напомена = за нарачка над 2000 денари доставата е бесплатна.
= за нарачки под 2000 денари се доплаќа 150 денари за достава

Question Колку време трае испораката?
Answer

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Question Дали е можна замена и рефундирање?
Answer

Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да го замените истиот за друга боја или друг производ за ист или повисок износ или сепак сте се одлучиле за враќање на производот и рефундација на средства, Ве молиме да не исконтактирате на телефонските броеви +389 72247480  и +389 70237447
или да ни испратите е-маил на online@magneticnaildesign.mk. За замена на производ, Ве молиме исконтактирајте не со потребните информации, односно со број на фактура, шифра и име на производот кој сакате да го замените и шифрата и името на производот за кој сакате да се изврши замена на иницијалниот производ.

Question Дали е можна интернационална достава?
Answer

Во моментов не  вршиме интернационална достава на производите. За дополнителни информации јавете се на телефоните наведени на сајтот.



Question Рекламации
Answer

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на Магнетик Наил Дизајн МК   на е-маил online@magneticnaildesign.mk или на еден од телефонските броеви наведени на сајт.


Рок за рекламација 

Процедурата за рекламација на производи, купувачот е потребно да ја започне најдоцна во рок од 24 часа по прием на производот. Потоа, рокот за замена или рефундација на средства за оштетениот производ е 14 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

Трошоци за достава
Во случај производот кој што сте го добиле е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот во продавница ги превзема Магнетик Наил Дизајн МК